4 јули 2009 година, Велес, Македонија - На 5 јули годинава во големата сала на Советот на општина Велес со почеток во 11 часот ќе се одржи конститутивно собрание на Сојуз на Македонците од Егејскиот дел на Македонија - МАКЕДОН во кого се обединуваат десет здруженија на Македонците од Егејскиот дел на Македонија. Собранието треба да донесе Одлука за основање, Статут и Програма на Сојузот, да изврши избор на органите на Сојузот и да донесе резолуции за одбрана на државното име Македонија и за правата и слободите на насилно прогонетите Македонци од Егејскиот дел на Македонија.
2 јули 2009 година, Торонто, Канада - По повод Националниот празник на Канада - 1 јули во градот Садбери во провинцијата Онтарио се одржа пригодна свеченост на која на „Мостот на нациите“ беше подигнато македонското знаме.
На свеченоста присуствуваа македонскиот митрополит американско-канадски г. Методиј, Генералниот конзул на Република Македонија во Торонто, Мартин Треневски и конзулот Бранко Трајковски.
26 јуни 2009 година, Скопје, Македонија - Во недела на 28 јуни 2009 година со почеток во 20 часот во Домот на АРМ се организира промотивна трибина на книгата „Најголемата вистинска тајна на светот“ од Ниче Димовски.
Медијатор на промоцијата е Татјана Петровска, а презентери на книгата се Митко Ќерамитчиев автор на книгата „Петта димензија“, Наташа Митровска автор на книгата „Кои сме ние“, д-р Велибор Стојанов доктор по општа медицина и Константин Кајшаров-Тино автор на книгата „Светиот шепот - исцелување преку молитва“. Поканети се сите заинтересирани.
25 јуни 2009 година, Скопје, Македонија - Во организација на Сојузот на балканските Египтјани во „Мала станица“ вчера се одбележа Денот на Египтјаните во Македонија. Истовремено, пред стотина Египтјани и гости од Македонија, Албанија, Косово и Србија се промовира проектот „Ефективна партиципација на етничките заедници ранливи на расна дискриминација во јавниот живот на Западен Балкан“ финансиран од Европската Унија.
На прославата присуствуваа претседателот на Заедницата на Египтјаните од Албанија, претседателот на Светскиот Македонски Конгрес Тодор Петров, претседателот на Матицата на иселениците од Македонија Иван Џо Петрески, амбасадорката на Холандија во Македонија, амбасадорот Јошко Станковиќ претседател на Комитетот за македонско-арапските односи при Светскиот Македонски Конгрес.
Присутните ги поздрави претседателот на Сојузот на балканските Египтјани д-р Рубин Земон и претседателот на Светскиот Македонски Конгрес Тодор Петров.
25 јуни 2009 година, Скопје, Македонија - Во организација на Сојузот на здруженијата на Македонците од Егејскиот дел на Македонија, во Катлановска бања до Скопје, минатиов викенд се одржа панихида за трагично загинатите борци на Демократската Армија на Грција (ДАГ) во 1948 година, во рамките на одбележувањето 60 години од крајот на Граѓанската војна во Грција во 1948 година, како еден од најтрагичните настани во историјата на грчкиот и македонскиот народ. Војна во која двата народа дадоа многуброни жртви за победата на грчката демократија и слобода но, која заврши со тежок пораз на демократските сили и со масовни прогони и страдања на Македонците со потекло од Грција.
(1) Светскиот Македонски Конгрес ги повикува сите Македонци по род и државјанство и сите пријатели на Македонија и на Македонците во целиот свет со сите дозволиви и расположиви сили и средства, во секое време и на секое место на земјината топка, да ги спречат и се спротистават на сите постапки и протагонисти за промена на државното име Македонија.
(2) Одбраната на државното име Македонија е право и должност на секој Македонец по род и државјанство во целиот свет.
(3) Секој Македонец по род и државјанство во целиот свет е одговорен за одбрана на државното име Македонија.